Вечерва се одигра првиот домашен натпревар за Вардар 1961 во ЕХФ лигата на шампионите сезонава против германски Флензбург
Средбата против Флензбург се одигра пред празни трибини во СЦ „Јане Сандански”, а ракометарите на Вардар со одличната игра го совладаа противникот со резултат 31:26.
На полувремето Вардар водеше со резултат 17:15.
Ова беше прв официјален натпревар на Вардар 1961 во Скопје сезонава.