Вардар го совлада Флензбург во натпревар од лигата на шампионите

Вечерва се одигра првиот домашен натпревар за Вардар 1961 во ЕХФ лигата на шампионите сезонава против германски Флензбург

Средбата против Флензбург се одигра пред празни трибини во СЦ „Јане Сандански”, а ракометарите на Вардар со одличната игра го совладаа противникот со резултат 31:26.

На полувремето Вардар водеше со резултат 17:15.

Табела А група

Ова беше прв официјален натпревар на Вардар 1961 во Скопје сезонава.