Пратеник се соблече гол за време на дискусија во парламентот

Во Мексико, пратеник во Парламентот при својата дебата во врска со корупцијата во земјата ја соблака цела своја облека за време на дебатата пред Парламентот …

„Вие се срамите да ме гледате гол, но не се срамите да ги гледате вашите луѓе на улиците голи, боси, очајни, без работа и гладни откако им ги украдовте сите пари и богатство“…..им рече на присутните во Собранието!

https://www.facebook.com/208289065878092/posts/4672317372808550/

Но според други медиуми, станува збор за скоро седумгодишна фотографија на која се гледа како мексиканскиот политичар Антонио Гарсија Конехо е соблечен по долна облека во парламентот, е оживеана повторно, но со погрешно тврдење дека тоа го сторил за да ги засрами пратениците во земјата за кражба од сиромашните.

Тие откриваат дека на фотографијата всушност се гледа како Конехо организира протест против усвојувањето на историскиот предлог-закон за енергетика во Конгресот на Мексико, што им овозможи на странските инвестиции и приватните компании да работат во секторот за нафта и гас во земјата. Опозицискиот политичар се соблече во долна облека за да покаже како на Мексико му се „одзема“ од своите ресурси.

Во секој случај, добар пример за тоа што им го прават политичарите на народот.