Во Петровец се отвора нова фабрика за одгледување канабис за медицински цели

Премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче денеска ќе присуствуваат на отворањето на фабриката за одгледување канабис за медицински цели и за финални медицински производи на база на канабиноиди „NYSK Holdings”. Покрај Заев и Филипче. свое обраќање ќе има полскиот амбасадор во земјава Војчех Тичињски и Златко Кесковски, извршен директор на PHCANN и NYSK Holdingс.

Фабриката за одгледување канабис за медицински цели и за финални медицински производи на база на канабиноиди ќе биде отворена во општината Петровец, во индустриската зона Ќојлија.

Се работи за гринфилд инвестиција на компанијата „NYSK Holdings”. Производите на новата фабрика ќе се пласираат на странските и на домашниот пазар. Предвидена е и посета на фабриката во строго определени услови, согласно здравствените протоколи.