Четириесет и три лица загинаа кога избувна пожар во фабриката за производство на багаж во област во северниот дел на Делхи.
Повеќето од луѓето што починале биле работници кои спиеле во фабриката во Анај Манди на различни спратови во фабриката кога избувнал пожарот во 5 часот наутро.
Причината за пожарот не е позната, соопштија официјалните лица, додавајќи дека над 50 лица биле во фабриката кога избувнал пожарот. Триесет противпожарни возила интервенирале за да ја преземаат ситуацијата под контрола.
Повредените се наоѓаат во различни болници во пошироката област Њу Делхи.
Повеќето биле хоспитализирани заради вдишување на токсичен чад, соопшти полицијата.
Главниот министер Арвинд Кејварвал најави обештетување од 10 американски долари за семејствата на загинатите и дополнителна помош за оние кои беа повредени. Владата, исто така, наредила истрага за инцидентот и побарала извештај во рок од седум дена.
Прелиминарните истраги укажуваат на краток спој како причина за пожарот.