СЗО: „Имунитетот на стадо“ не може да биде стратегија за справување со коронавирусот

Генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебриезус вчера предупреди дека е против идејата на „имунитет на стадо“ и укажа дека не може да биде реална стратегија за запирање на пандемијата на коронавирусот, отфрлајќи ги сличните предлози како „едноставно неетички“.

Гебриезус истакна дека здравствените работници обично сакаат да постигнат имунитет на стада преку вакцинацинирање. Тој посочи дека, за стадото да биде имуно на високо заразни болести како што се сипаници, потребно е да се вакцинираат 95 проценти од населението.

Според него, „имунитетот на стадото“ се постигнува со заштита на луѓето од вирусот, а не со изложување.

Тој изјави дека никогаш во историјата на јавното здравство „имунитет на стадото“ не бил користен како стратегија за одговор на епидемија.

Гебреизус истакна дека многу малку се знае за имунитетот на КОВИД-19 за да се знае дали е воопшто можно да се постигне „имунитет на стадо“.

„Да се ​​дозволи опасен вирус за кој не разбираме целосно, да се движи е едноставно неетички“, додаде Гебриезус.