Одлична вест за македонските работници кои сакаат да работат во Германија

Германскиот Бундесрат даде согласност за продолжување на т.н. Западнобалканско правило, кое истекуваше на крајот на годинава. Потребата од работници во градежништвото е голема, па очигледно дека Германија се надева на работниците од Западен Балкан.

Граѓаните на Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија, ќе можат, независно од формалната квалификација што ја имаат, да се доселуваат во Германија со цел да работат до крајот на 2023 година.

Западнобалканското правило, кое првично истекуваше на крајот на годинава, сега е продолжено за две години, но добива ограничување во делот на бројот на лицата кои на овој начин може да влезат и работат во Германија, и тоа на 25.000 годишно.