Седум кратки снимки се појавија на Јутјуб во кои се слуша глас кој наликува на оној на бизнисменот Орце Камчев, сведок во случајот „Рекет“, објави Канал 5 во денешните вести од 18 часот.
На снимките се слуша како тој бара контакт со Вице Заев, брат на премиерот Зоран Заев и вели дека ако не се заврши работата, „ќе крварат сите“.
„Ако треба крв, и крв. Имаш деца, имаш машко дете. Ќерка му е што ме боли к…т. И да не нема тоа е, ама нема да дозволам да ми го газат достоинството. Јас со Сашо Мијалков се расчистив. И на ферка, така се претплатив, само чисто да биде“,– се слуша на снимките..
„Никој не знаеме кој што има од тоа време, реално не знаеме. Јас што имам, значи сакам да ги рушам заеви. Значи јас, сега видов, јас ќе бев во затвор, тоа нема да се деси. Што треба да претендирам да станам премиер да го добијам тоа, не ме интересира, остајте ме, не барам ништо, не барајте ништо“, вели гласот кој наликува на бизнисменот оштетен во „рекет“.
Во дел од снимките се слуша како и преку посредник биле испраќани пораки до премиерот во кои се бара примирје. Во другите снимки се слушаат закани дека „ако не се спушти топката“ ќе „бомбардирал“ од Бугарија, по што ќе дошол Мицкоски и потоа ќе имало „крв до колена“.
„Јас ќе отидам во бугарија и што тогаш, ќе пуштам како ким јонг, па тепајте се во македонија и ќе отиде се во пи*** материну. И ќе дојде мицкоски, и што правиме после? Треба крв до колена? Не се научија дека во 30 години најпаметните беа љубчо и бранко, седнаа се договорија“, вели човекот.
АКЦЕНТ НА ДЕНОТ: Вечер: Во сeло Грчец отворен е оган кон полицијата
Полицијата уапсила десет лица утринава на повеќе локации во Ѓорче Петров, Арачиново, Грчец, Чаир, Визбегово, Бардовци, Студеничани и Центар, а дел од уапсените се поврзани со неодамнешната престрелка во “Александар Палас“. Шестмина од нив се од Грчев, четворица од Арачиново, пишува Вечер.
Во с. Грчец отворен е оган кон полицијата, но специјалците на МВР успеале да ги фатат трите лица кои пукале и тие се уапсени. Нема ранети полицајци.
АКЦЕНТ НА ДЕНОТ: Шилегов арогантно до граѓанинот кој го гласал: „никад да не не’ гласаш“
Граѓанин сакаше да му се пожали на градоначалникот на Скопје за проблемите во главниот град и дека не е исполнето ништо од ветувањата дадени во кампањата, а на тоа Шилегов му одговори никогаш повеќе да не го гласа.
Шилегов на крајот му кажа дека и луѓе што имаат над педесет години и бараат вработување не му требаат да го гласаат!