САД ќе и помогнат на Романија да ја модернизира својата нуклеарна енергија

Американскиот секретар за енергетика Дан Брујет и романскиот министер за економија, енергетика и бизнис Виргил-Даниел Попеску денес го парафираа нацрт меѓувладиниот договор за соработка во проширувањето и модернизацијата на романската нуклеарна програма, јави ТАСС, цитиран од БТА.

Според Министерството за енергетика на САД, „историскиот договор“ ќе ги постави темелите за процес во кој Романија ќе ги искористи американското искуство и технологија за изградба на трети и четврти и надградба на првиот реактор во нуклеарната централа Черна Вода. Според Брујет, договорот ќе ја зајакне енергетската безбедност на обете земји.

На крајот на мај годинава романското Министерство за економија, енергија и бизнис ја замоли компанијата со 82,5 проценти државно учество, „Нуклеарелектрика“ да ги прекине своите односи со Кинеската општа нуклеарна енергија за изградба на третата и четвртата единица на АЕЦ Черна Вода. Попеску тогаш рече дека проектот треба да се спроведе во партнерство со компанија од земја од ЕУ или НАТО. Проширувањето на нуклеарната централа се очекуваше да се случи со кинески заем од 6 милијарди евра.