„Наскоро ќе ги видите Турците пред портите на Виена, како во 17 век“ – Ѝ порача ерменскиот премиер на меѓународната заедница

Ерменскиот премиер Никол Пашиниaн рече дека Ерменија и енклавата Нагорно Карабах се последните пречки на експанзионистичкиот пат на Анкара.

„Доколку меѓународната заедница не интервенира итно, наскоро ќе ги види Турците пред портите на Виена, како во 17 век“, рече Пашиниан во интервју објавено на веб-страницата на ерменската влада, пишува Н1.

Според него, Турција префрлила борци од Сирија во зоната на конфликти во Нагорно Карабах, со цел да му помогне на Азербејџан.

“Од таа причина, по целата линија на фронтот, се води борба против тероризмот, каде што цивилизацијата се спротивставува на варварството. Неопходно е да се разбере заканата што ја претставуваат екстремистите кои се во зоната на воени операции”, заклучи ерменскиот премиер

Тој додаде дека „опцијата да се елиминира таа закана“ е меѓународната заедница и европските земји да ја признаат независноста на Нагорно Карабах.

Потсетуваме, разговорите меѓу министрите за надворешни работи на Ерменија и Азербејџан, посветени на војната во Нагорно Карабах, започнаа во Москва, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

Овие преговори под покровителство на Кремаљ даваат надеж дека конфликтот, кој започна на 27 септември, може да заврши. Двете страни досега ги отфрлија сите повици за прекин на огнот.

Во исто време, азербејџанскиот претседател Илхам Алиев рече дека и дава на Ерменија „последна шанса“ за мирно решавање на конфликтот.