Во најавениот „Викенд без ДДВ“ кој ќе се спроведе овој викенд почнувајќи од 10, 11 и 12 октомври, граѓаните ќе може да купат домашни производи и услуги до најмногу 30 илјади денари, како и комјутери и ИТ опрема.
Оваа мерка предвидува да опфати повеќе од 350 илјади граѓани. Корисниците на апликацијата Мој ДДВ, кои за време на викендот 10, 11 и 12 октомври, ќе може да купат домаши производи и услуги и компјутери и друга ИТ орпема до најмногу 30 илјади денари по поединец и во рок од само неколку дена назад ќе го добијат целиот ДДВ од 100 проценти.
Викенд без ДДВ” е дел од новиот, четвртиот сет на владините антикризни мерки, со што всушност се надоградува успешниот проект за поврат на ДДВ кон физички лица.
350.000 граѓани, корисници на апликацијата „Мој ДДВ“, со оваа мерка, за време на продолжениот викенд на 10-11 и 12 октомври ќе можат да купуваат домашни производи и услуги, како и компјутери или друга ИТ опрема во вредност од најмногу 30.000 денари.
Во рок од неколку дена, на трансакциските сметки на граѓаните ќе им биде исплатен назад целиот ДДВ.