Во Бразил бројот на заразени од коронавирусот надмина 5 милиони

Во Бразил бројот на заразени со коронавирусот надмина пет милиони луѓе, а епидемиолозите стравуваат од втор бран на ширење на инфекцијата, бидејќи властите прерано ги ублажуваат мерките.

Иако дневниот број на инфекции е помал отколку во септември, здравствените експерти предупредуваат дека Бразил е изложен на ризик од втор бран на коронавирусот поради предвремено враќање на „нормалното“ секојдневие.

Министерството за здравство објави дека се регистрирани 31.553 нови случаи, уште 734 починаа, со што најголемата земја во Латинска Америка се приближи на 150 000 мртви.

Епидемиолозите предупредуваат дека бројот на заразени веројатно ќе биде поголем доколку се тестираат повеќе луѓе.

Претседателот Болсонаро продолжува да го намалува ризикот од коронавирусот, иако тој самиот бил заразен и морал да се изолира две недели.

Тој се спротивставува на „заклучувањето“ и ги повикува Бразилците да се вратат во нормален живот за да може економијата да закрепне.