Полицијата уапсила десет лица утринава на повеќе локации во Ѓорче Петров, Арачиново, Грчец, Чаир, Визбегово, Бардовци, Студеничани и Центар, а дел од уапсените се поврзани со неодамнешната престрелка во “Александар Палас“. Шестмина од нив се од Грчев, четворица од Арачиново, пишува Вечер.
Во с. Грчец отворен е оган кон полицијата, но специјалците на МВР успеале да ги фатат трите лица кои пукале и тие се уапсени. Нема ранети полицајци.
Извршени се претреси кај Шеваљ Муареми во Грчец, во Батици кај Арслам Реџепи викан Репки, во Бутел кај Камер Идризи, кај Фатљум Ајети викан Тоте (на покојни Џељо малиот), потоа кај Африм Сулимани и Орхан Бајрами од Дуќанџик, Шенки Версаче, Шенол Маслани, Аети Бурим и Пајазити Ељхам…Претреси вршени се и кај газдите на кафулето Фонтана во Мавровка, а во Визбегово и кај автомеханичар кој им ги одржувал колите на “пилотите и падобранците“.