Зад превезот на фалбите на високите претставници на владата на СДСМ дека сме шампиони во спроведени енергетски реформи се кријат нови одлуки на владата, со кои парите на граѓаните ќе се одливаат во приватните џебови на моќниците од СДСМ и компаниите блиски до нив.

Имено, Владата на СДСМ на 17.09.2019 донела Одлука со која се зголемува вкупната инсталирана моќност на повластените производители на електрична енергија од ветер од 86 MW на 160 MW.

Начелно ова звучи како добар план за развој на обновливите извори на енергија и помало загадување на животната средина, но сепак не е сėтака како што изгледа.

Веднаш после Одлуката на владата, Регулаторната комисија за енергетикаи водни услуги (РКЕ)носи Решение за добивање на привремен статус на повластен производител за ветерна енергија.Со ова решение РКЕ на Друштвото за трговија и услуги„Калтун Енержи“ од Скопје му доделува локација за изградба на Ветерен парк „Дрен“ од 34 MW која се наоѓа помеѓу општините Демир Капија и Гевгелија.

Ваквата одлука на владата и решението на РКЕ се донесени без никаква транспарентност и во најмала рака се сомнителни поради брзото и координирано донесување, а згора на тоа се доделуваат на друштво регистрирано за трговија и услуги недоволно познато во енергетиката и најверојатно со сомнителен капитал.

Локацијата доделена за изградба на Ветерниот парк меѓу Демир Капија и Гевгелија е една од најповолните локации во земјата со високи просечни брзини на ветер и многу блиску до новиот автопат Демир Капија – Смоквица. Поволноста на брзините на ветрот и близината до автопатот гарантираат мали инвестици во изградбата и високи приходи за сопственикот на решението за повластен производител на ветерна енергија.

Доколку се има предвид дека ова е една од најповолните локации за изградба на ветерен парк во РМ, се поставуваат неколку прашања:

  • Врз каква основа е донесена одлука да се додели ова државно земјиште на приватна компанија за изградба на ветерен парк и под какви услови?
  • Дали воопшто приватните инвеститори направиле мерења на брзините на ветрот на локацијатаили дали користеле мерењата на брзини на ветер направени од државни институции или компании?
  • Зошто е фрлен во вода неколку годишен труд на мерења и анализа на резултатите од локацијата?
  • Зошто локацијата за градба не е доделена на државната компанија АД ЕСМ,иако владата е свесна дека резервите на јаглен забрзано се трошат, а падот во производството на државната компанија е евидентен?

 

Оваа одлука на владатаи Реулаторотне би била толку загрижувачка, доколку не станува пракса најповолните локации за градба на ветерници да се доделуваат на сомнителни компании без искуство во енергетиката и блиски до власта. Пред извесно време владата додели уште една одлична локација за градба на ветерница  „Ветро Парк Богословец“ со планирана моќност од 36МW во Св. Николе, во близина на регионалниот пат Велес – Штип, на уште една приватна компанија„ТХОР ИМПЕКС“ ДООЕЛ СКОПЈЕ.

За само две годиниод доаѓањето на власт, владата на СДСМ успеа да протурка големи енергетски проекти на фирми блиски до властана различни локации за 70 MW ветерници, а во наредниот период на повидок е и нов план за дополнителни локации за 40 MW ветерници.Тие ниту се спроведуваат во тендерска постапка, односно важи принципот прв дојден прв услужен, ниту пак се баласно одговорни, односно операторот на пазарот на електрична енергија ја превзема нивната балансна одговорност и истата преку сметките за електрична енергија ја проследува на сите потрошувачи на електрична енергија во Република Македонија.Ако се соберат сите овие бизниси од досега доделените локации, приходот од нив би изнесувал околу 30 милиони евра на годишно ниво, што ветува нов успешен „бонбона“ бизнис.

 

Од 2016 година, во ЕУ, а со тоа и во земјите кои се договорни страни на Енергетска Заедница, мерките за поддршка кои се врз основа на повластена тарифа повеќе не се во согласност со правилата за државна помош доколку не се отворени за сите учесници на пазарот и доколку поддршката не се обезбедува преку одреден вид тендерска постапка.

 

Во моментов во електроенергетскиот систем функционира само една ветерна електроцентрала со инсталирана моќност од 36 MW (ВЕЦ Богданци). Централата користи повластена тарифа од 89 eur/MWh и истата е во сопственост на АД ЕСМ. Просечниот месечен трошок што граѓаните го плаќаат за електричната енергија произведена од оваа ветерна електроцентрала е околу 900.000 евра месечно. Секако, мора да забележиме дека овие средства се влеваат во државна компанија, која пак од друга страна е дежурен субвенционер на квази-либерализираниот пазар на електрична енергија, односно принудно ја одржува цената на  електричната енергија кај домаќинствата на прифатливо ниво, продавајќи ја својата енергија на универзалниот снабдувач ЕВН ХОМЕ по цена од 34,5 eur/MWh, што е далеку од рентабилно работење и покривање на трошоците преку цената.Доколку оваа енергија се продадеше по пазарни цени на берзата на електрична енергија АД ЕСМ ќе заработеше 86.000.000 евра повеќе. Имено, минатогодишното производсто на АД ЕСМ било околу 4.300.000 MWh, при што ако  80 % од тоа производство се продало по 34,5 eur/MWh и ако се знае дека берзанската цена во моментот се движи околу 60eur/MWh, тогаш разликата од околу 25eur/MWh заради поевтината продажба на АД ЕСМ му носи загуби од околу 86.000.000 евра.

Секој момент во електроенергетскиот систем се очекува да се приклучат претходноспоменатите две ветерни централи  кај Гевгелија и Св. Николе.Ако направиме најобична прогресија до 160 MW кои се на крајно нетранспарентен начин донесени на седница на Владата во заминување која се одржала на 17.09.2019 година, веќе зборуваме за сума од околу 4.000.000 евра месечно, кои ќе се прелеат како  товар на граѓаните во нивните сметки за електрична енергија. Но, тоа не е сė. Во оваа сума не се предвидени направените отстапувања (дебаланси) кои уште повеќе ќе ја зголемат оваа сума. Најстрашно е што за приватни фирми кои ќе остваруваат добар профит од производство на електрична енергија балансирањето ќе го врши операторот на пазарот како балансно одговорна страна, а тој пак тие трошоци ќе ги надомести преку сметките за струја кои ќе бидат испорачани на граѓаните на Република Македонија. А добро е познато дека трошоците за балансирање кај ветерните централи воопшто не се за потценување.

 

Во СДСМ се свесни дека нивната желба за приватизација на АД ЕСМ е тешко остварливаи нема да им помине кај народот, па затоа користат стратегија со која полека, но сигурно ќе го префрлат производството на електрична енергија во рацете на нивните вазали. За сметка на ова, државната компанија АД ЕСМ е падната на колена и функционира од денес за утре без никаков долгорочен план за нејзин развој, ниту план за одржување на производните капацитети.

Со ваквиот начин на работа СДСМ ќе направи тивка приватизација на производството на електрична енергија и префрлање на енергетските компании за производство во рацете на моќниците на СДСМ и олигархијата која ја создадоа во 90-тите години од минатиот век.

 

Предизборните ветувања за фотоволтаици за секое семејство и на секој покрив брзо паднаа во вода, штом претставниците на власта се потсетија каков беше вкусот на бонбона бизнисот. Па така наместо фотоволтаици за секое семејство, се погрижија да си поделат меѓу себе концесии за големи сончеви и ветерни централи за сопствените семејства.

За сметка на новите лиценци за обновливи извори на енергија и приходите на овие новоформирани енергетски компании, македонските граѓани во иднина сигурно ќе плаќаат повисоки сметки за електричната енергија на подолг рок, а државната компанија за производство на електрична енергија ќе биде доведена во колапс.

 

Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ