На граѓанинот Јосиф од Скопје, извршител му блокирал и земал цела месечна пензија иако на тоа нема законско право бидејќи може да се изврши за принудна наплата само една третина од платата. Тоа докажува дека извршителите не работат според закон, дека извршувањето е пред се за грабање пари од туѓи сметки и за личен профит, а не заштита на доверителите.

По барање на Јосиф јавно е доставен доказ од кој се гледа дека Извршител целиот негов месечен приход му го извршил, а не законскиот максимум од 1/3. На постот објавен на фејсбук, граѓаните се жалат дека тоа не е единствен случај.