Владата ќе го менува Законот за јазиците?

Министерството за правда ќе ги направи потребните измени на Законот согласно препораките на Вемецијанската комисија, рече денеска премиерот Зоран Заев, откако Венецијанската комисија вчера ги објави забелешките во врска со Законот за јазици.

„Jазиците се за да се разбереме, ние донесовме законско решение, но уште во тој момент, уште кога дебатиравме во самиот Парламент и со неговото донесување рековме ќе ја чекаме Венецијанската комисија и ќе ја испочитуваме, затоа намерата е да ја испочитуваме Венецијанската комисија. Министерството за правда ќе ги подготви измените, уште еднаш ќе ги испратиме, за да каже (Венецијанската комисија) дали е тоа тоа, за да може навистина соработката да ја потврдиме и ќе го пуштиме во Парламентот за да го констатира“, истакна Заев.

Сериозни забелешки и критики на Законот за јазиците од страна на Венецијанскта комисија