Во Полициската станица Чаир, малолетник од Скопје пријавил дека синоќа околу 19.45 часот, на улицата „Александар Урдаревски” бил физички нападнат од неколку малолетници, со остар предмет, при што се здобил со повреда.
Бил префрлен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски”, а потоа е пуштен на домашно лекување. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.