Во вторник продолжува рочиштето за случајот Рекет кога ќе сведочи Ана Камчева, сопругата на Јордан Камчев, која во кутија за кондури му ги дала првите 350.000 евра на Боки, а на Кичевскиот во ќесе од продавница уште 150.000 евра.

Јовановски и Милевски беа уапсени на 15 јули годинава, првиот на граничниот премин Богородица, вториот во Скопје. На истиот датум и беше одземен едниот телефон на тогаш Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, а вториот, за кој тврдеше дека и бил изгубен, Обвинителството за организиран криминал и корупција го најде една недела подоцна, кај сестрата на девојката на Лазар Јанев, нејзиниот син.

Од тогаш, Јовановски и Милевски беа во притвор, а се вршеа разговори со повеќе лица кои би можеле да бидат сведоци во случајот. Еден месец по нивното апсење, на 21 август беше уапсена и Јанева, како второосомничена во „Рекет“. По завршувањето на истрагата и неполн месец пред да почне судењето, Милевски и Јанева беа пуштени во домашен притвор.