Корбин: Ќе имам неутрален став на вториот референдум за Брегзит

Лидерот на британската опозиција Џереми Корбин потврди дека ќе има неутрален став на другиот референдум за Брегзит, доколку биде избран за премиер на Велика Британија.

Неговиот одговор се случи по неколкудневниот притисок да се произнесе во случај на т.н. потврдно гласање за договорот за Брегзит, кои го предлагаат лабуристите.

Лабуристите, кои на 21 ноември објавија изборен манифест, кој ја вклучува јавната потрошувачка, најавија дека ќе се договараат за нов договор за Брегзит со ЕУ и дека ќе организираат втор референдум.

Корбин изјави дека ако биде избран за премиер, ќе преговара фер и нема да држи ничија страна, пренесува EuroNews.

„Мораме да ја обединиме земјата и да завршиме со прашањето Брегзит“, изјави Корбин.