Според мерењето на „AirVisual“ изутринава Скопје, Белград и Сараево се меѓу најзагадените градови во светот.Според оваа листа Скопје изутринава е во друштво на Бишкек, Киргистан, и Делхи во Индија.

Во однос на регионот, загадени градови се Белград, Скопје и Приштина. Белград е на шестото место на листата, пред Скопје кое што е на седмото место.

AQI го подготвува Индексот за квалитет на воздухот и се фокусира на најопасните честички, вклучувајќи ги и оние помалку од 2,5 микрометри и помеѓу 2,5 микрометри и 10 микрометри.