Вечерва во Берлин ќе се доделат наградите на Европската филмска академија (ЕФА) каде македонскиот филм „Медена земја“ е номиниран за најдобар документарец, а во Лос Анџелес се доделуваат Интернационалните документарни награди ИДА, каде има три номинации: за најдобар филм, за режија и за кинематографија на Самир Љума и Фејми Даут, објави сдк.мк.
„Медена земја“ за престижната награда позната и како европски Оскар за конкуренти ги има: „Сведоците на Путин“ (Русија), „За Сама“ (Велика Британија/САД), „Исчезнувањето на мојата мајка“ (Италија/САД) и „Селфи“ (Франција/Италија).
За најдобар филм се борат „Офицер и шпион“ на Роман Полански, „Клетници“ на Лаџ Ли, „Системкрашерс“ на Нора Фингшајд, „Болка и слава“ на Перо Алмодовар, „Предавникот“ на Мако Белокио и „Фаворитката“ на Јорос Лантимос.
Интернационалните документарни награди ИДА се најпрестижниот светски настан за овој жанр, а режисерот Стефанов денес е во Лос Анџелес за на свеченото доделување да ја прими и наградата „Паре Лоренц“, која на ИДА се доделува „за давање пример за филмско снимање, со истовремено фокусирање на соодветната употреба на животната средина, правда за сите и откривањето на социјалните проблеми“, а „Медена земја“ е годинашен добитник.
„Медена земја“ e македонски кандидат за Оскар во категоријата најдобар странски филм за 2020 на Американската филмска академија. Номинациите за 92. доделување на Оскарите ќе бидат објавени на 13 јануари, а свеченоста е на 9 февруари.
Единствениот македонски филм кој досега ја освоил наградата Независен дух е „Пред дождот“ на Милчо Манчевски, во 1995 за најдобар странски филм. „Пред дождот“ истата година беше и меѓу петте номинирани за Оскар.
По победата на Санденс, Тел Авив и голем број други награди, признанија и номинации, „Медена земја“ е вбороена и меѓу најдобрите филмови на годината од „Њујорк тајмс“ како и од списанието „Арт форум“.