Макрон призна дека погрешил со поскапувањето на цената на горивото

Макрон во изјава за каналот BFMTV истакна дека минатата година морале да бидат преземени мерки за да се подигне економскиот стандард на луѓето со ниски и средни приходи. Истакна дека во меѓувреме погрешно постапиле кога наместо тоа ги зголемиле цените на горивата.

Францускиот претседател додаде дека требало да се воспостави одреден „процес на транзиција“ при истовремено зголемување на цената на горивото.

Додаде дека не верува дека луѓето кои сега излегуваат на улиците се оние истите кои им се придружија на протестите на „Жолтите елеци“ пред една година.

Минатиот викенд во Франција е одбележана првата годишнина од почетокот на протестите, кои започнаа како глас на бунт против најавеното поскапување на цената на горивата, а брзо ескалираа во масовни и немирни антивладини протести познати под насловот „Жолти елеци“.

За време на немирите на протестите во Франција загинаа најмалку 11, а повредени се повеќе од 4.000 лица. Организаторите на протестот соопштија дека најмалку 24 демонстранти останале без око, а петмина без раце.

Француската полиција за време на протестите уапси 8.400 демонстранти, а околу 2.000 беа задржани во притвор.