Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, рече дека неговиот француски колега, Емануел Макрон, е незрел политичар.
Макрон изјави дека е јасно дека претседателот на Белорусија треба да поднесе оставка и да ја напушти владата заради демонстрациите што се одржуваат во Белорусија по објавувањето на резултатите од изборите минатиот месец, а канцеларијата на Лукашенко брзо одговори на коментарот од Париз.
„Според логиката на Макрон, тој требаше да даде оставка пред две години кога жолтите елеци излегоа на улиците во Париз, годините минуваат, демонстрациите продолжуваат, а тој е сè уште претседател“, се вели во пораката на Лукашенко.
Лукашенко исто така рече дека Макрон треба повеќе да се занимава со внатрешните работи на Франција.
“Како искусен политичар, го советувам незрелиот Макрон да гледа помалку наоколу и повеќе да се справува со ситуацијата во Франција. Би било подобро за него да започне да ги решава проблемите во Франција”, рече Лукашенко.