Google се согласи да и плати на Франција казна од скоро милијарда евра

Француската влада и Google постигнаа договор со кој Google треба да плати казна во износ од 965 милиони евра, за да избегне кривично гонење поради даночни измами. Судот во Париз одобри спогодба во која американската компанија треба да плати 500 милиони евра поради обвиненија за даночно затајување и дополнителни 465 милиони за надомест на штета на француската даночна администрација.

Со тоа завршува истрагата на француските институции која трае од 2015 година. Даночните инспектори заклучиле дека Google не ги исполнил своите даночни обврски со непријавувањето на бизнисот во Франција.

Францускиот министер за правда, Никол Белоубет и министерот за буџет, Генерал Дарманин, утврдија дека конечно е решен спорот со Google преку преговори за спогодба кои траеа една година.

Google, инаку, својот бизнис во Европа го спроведува преку својата компанија регистрирана во Ирска, каде што плаќа данок на добивка по стапка од 12,5 проценти. Тоа е вообичаена пракса на мултинационалните компании кои својот бизнис во Европа го регистрираат преку една од земјите членки на Европската Унија и каде што по правило плаќаат најнизок данок. Таквиот бизнис е неприфатлив за членките на Европската унија. Затоа се обидуваат да се постигне меѓународен договор преку OECD, за оданочување на дигиталните компании.

Како што одовлекуваасо договорот, од Европската комисија најавија воведување на данок од 3 проценти на добивката на мултинационалните дигитални фирми кои работат во Европа, а претежно се од САД и делумно од Кина.