Загрижувачки фотографии објави НАСА на кои се гледа како се топи Артикот.

Затоплувањето на Арктикот придонесе за драстично топење на мразот објавија во понеделникот научниците од Националниот центар за следење на снегот и мразот (НСИДЦ).

Тие истакнаа дека ова е второ рекордно намалување на мразот во последните четири децении.

Сателитски снимки од 15 септември покажуваат дека мразот зафаќа 3,74 милиони квадратни километри.  Ова е практично само втор пат во последните 42 години бројот да падне под четири милиони.

Затоплувањето го губи не само морето, туку и мразот и ледените плочи што го покриваат копното на Арктикот во Канада и Гренланд.

Колку побрзо се топи ледот, толку побрзо нивото на морето се зголемува низ целиот свет.