Државниот завод за статистика објави дека просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јули 2020 година изнесува 27 231 денари, а на прво место гледано по дејности останува секторот компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности со просек од 68.557 денари.

На второто место е дејноста која не само што не беше погодена од кроона-кризата, туку и доби од истата, а тоа е секторот за производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати со просечна плата од 46.524 денари. Во првите пет најголеми плати се уште и финансиско-услужни дејности, односно банкарскиот сектор со 43.386, телекомуникации (41.477 денари) и осигурување, реосигурување и пензиски фондови (40.045 денари). За одбележување е тоа што фармацијата повторно е на второ место иако со намален просек, откако кај банкарскиот сектор во јуни за еден месец се зголемија за 20 отсто.

Во однос на јули 2019 година, зголемувањето на платите е за 8,5 отсто. Во овој период најмногу се зголемила кај образованието (12.7 %), информации и комуникации (12.4 %) и дејности на здравствена и социјална заштита (12.3 %).