Премиерот Зоран Заев на Фејсбук напиша дека продолжува растот на бруто домашниот производ и дека за третиот квартал растот изнесува 3,6%.
– Со ова продолжуваме да докажуваме дека економијата на Северна Македонија има стабилен раст од година во година. Во државата останува уште многу простор за инвестирање, особено во човечкиот капитал, на кој ќе се посветиме идната година со развојниот буџет кој го предложивме за 2020 година, напиша тој.