По повод осмата годишнина од правната победа на Македонија пред меѓународниот суд на правдата во Хаг, пратеникот Антонио Милошоски на својот Фејсбук профил напша дека двајца предавници го продадоа мачно спечалено достоинство на Македонија.
-Денеска, 5ти Декември, е осма годишнина од правната и историска победа на Македонија во случајот со Грција, пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг. Едногласно сите судии, и тој од Словачка, од Британија, Франција, Мароко, Бразил, Нов Зеланд, судијата од Германија, судијката од Кина и др.., само еден судија беше против, грчкиот и после, напиша пратеникот.
Тој во статусот пишува дека ова вековното наследство на македонскиот народ е продадено од двајца предавници, алудирајќи на премиеорт Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров.
-Се најдоа двајца предавници, едниот лаком за грст сребреници и ослободителна пресуда за поткуп, другиот желен за стипендија и 3-4 годишна функција (плус слатко го лажеа дека ќе го правеле претседател), па со еден потпис спротивен на референдумот, го продадоа мачно спечаленото достоинство на Македонија и вековното наследство на македонскиот народ, пишува Милошоски.