Од три компании со најголем приход во Гевгелија, две се казината Принцес и Фламинго

Помеѓу трите компании кои што оствариле најмногу приходи во Општина Гевгелија во 2018 година две се казината „Принцес“ и „Фламинго“ и третата е фирмата за пластични профили и цевки „Конти Хидропласт“. Овие три компании заедно имаат приход од 85 милиони евра.

Двете казина, што се наоѓаат во близина на македонско – грчката граница и „Конти Хидропласт“ заработиле 35 милиони евра повеќе од сите останати големи и средни компании во Општина Гевгелија кои оствариле приходи во висина од 50 милиони евра.

Најголемата гевгелиска компанија „Принцес хотел и казино“ е неприкосновен генератор за приходи во Општината со реализирани 40,5 милиони евра. Втора по голема според реализираниот промет, е компанијата „Конти Хидропласт“ со заработени 26,9 милиони евра, а на трето место е казиното „Фламинго“ со приходи од 18 милиони евра.

Споменатите три компании во 2018 година претставувале најзначаен импулс на гевгелиската економија.