Бесценетите книги од Галилео, Сер Исак Њутн и Франциско Гоја се пронајдени во полициска рација во Романија, по три години откако беа украдени во софистициран грабеж во лондонско поштенско депо.

За време на рацијата во куќа во романско село, полицијата откри околу 200 книги со вкупна вредност од околу 2,7 милиони евра.

Крадците ги украле делата од транзитниот магацин во Фелтам, близу Лондон, каде требало да бидат испратени во Лас Вегас на специјализирана аукција на книги.