Премиерот Зоран Заев истакна дека потврдени се сите кандидати за заменици министри и списокот со предлози за заменици министри испратен до Собранието.

Имињата на новите функционери и нивните биографии премиерот Заев ги доставил до пратениците. Од вкупно 16 заменички места СДСМ и помалите партии од коалицијата добиваат девет места, ДУИ пет, а БЕСА две.

Познатите имиња кои досега ги извршуваат заменичките функции во министерства не се најдоа меѓу новите кандидати.

Андреј Жерновски го напушта заменичкото место во МБР и на негово доаѓа Фатмире Исаки на предлог на ДПА. Јани Макрадули во министерството за животна средина ќе го замени Христина Оџаклиевска, кадар на ДОМ.

Зоран Маневски од НСДП е предложен за заменик во економија. Долгогодишниот новинар Зоран Димитровски, како предлог Демократски сојуз, ќе седне во заменичката фотелја во локална самоуправа. Димитар Ковачевски е предложен за заменик министер во финансии. Трајан Димковски довечерашен министер за земјоделство, сега преминува во заменичкото место. Енвер Хусејин за труд и социјална политика, а Илхан Рахман за политички систем. Александар Бајдевски во информатичко општество и администрација.

ДУИ уште пред неколку дена ги објави кандидатите од своите редови. Агим Нухи оди во правда. Назим Буши – МВР, Башким Хасани за одбрана, доктор Илир Хасани во здравство, Беким Реџепи – транспорт и врски. БЕСА ќе има заменици во култура и во образование и наука.

По доставениот предлог се очекува веќе од понеделник предлозите да се најдат на пленарна седница на Собранието.