Mинистерот за финансии Фатмир Бесими на средба со стопанствениците во Стопанска комора на Македонија најави дека државата ќе гарантира за фирмите полесно да можат да земат комерцијални кредити во банките
Како што објави на ФС на Министерството за финансии со 10 милиони евра државна гаранција ќе се гарантираат неколкукратно повисока сума кредити, заеми за малите и средни претпријатија. Гарантната шема ќе оди преку Развојната банка, додека средствата ќе се пласираат преку комерцијалните банки.
Бесими посочи дека со оваа мерка ќе се подобри ликвидноста на компаниите, ќе се олесни можноста за компаниите да ги спроведуваат тековните активности, но и ќе се поттикне инвестициската активност, која е суштинска за раздвижување и ревитализација на економијата.