Наоми Осака, освојувајќи ја својата победа на тенискиот турнир „US Open“ минатата недела, во четвртокот вечерта објави дека нема да се натпреварува на Отвореното првенство на Франција овој месец поради болки во тетивата.
„Мојата тетива се уште не ја осеќам потполно здрава, така што нема да имам доволно време да се подготвам за овој турнир – овие два турнири овојпат беа премногу блиску еден до друг“, напиша Осака (22) во пораката објавена на Твитер, каде таа има повеќе од 780 000 следбеници. „На организаторите и играчите им посакувам се најдобро“.
Наоми Осака, која се искачи на 3-то место на ВТА оваа недела, претходно изјави дека не е сигурна дали ќе се натпреварува на првенството во Франција, што треба да започне на 27 септември.