ВМРО-ДПМНЕ: Македонија оди во погрешен правец, а економијата стагнира

Македонија оди во погрешен правец, а економијата стагнира.

Според податоците на државниот завод за статистика за третиот квартал од 2019 година извозот бележи рекорден пад во текот на целиот период од јануари до октомври. Тој пад изнесува 5% и е најголем пад во последните 5 години.

Нивото на  БДП бележи незначителен раст, кој и покрај вештачкото зголемување изнесува само скромни 3.6%, кое е далеку од ветените 5% раст кои ги најавуваше Зоран Заев во предизборието.

Лошата политика на власта се огледа  и во падот на преработувачката индустрија од 0.5%, додека останатите сектори забележуваат скромен и незначителен раст.

Лоши резултати има и ИТ индустријата која бележи пад од 3.2%.

Сите показатели покажуваат дека лошите економско – даночни политики ја уриваат економијата.

Лошите економски показатели ќе бидат минато по 12 април, кога ќе настапи обнова на Македонија.