„Sony“ ја пушта во продажба долгоочекуваната нова генерација на конзолата „PlayStation“

Конкуренцијата меѓу двајцата најголеми производители на конзоли продолжува, овој пат во период на зголемена побарувачка за домашна забава поради пандемијата на коронавирусот, Сони излегува со својатата 5-та генерација на конзолата PlayStation.

Сега Сони објави дека ќе објави две верзии на својата конзола PlayStation 5. Тие ќе бидат објавени во ноември, едната по цена од 400 долари, додека другата за 500 американски долари. Двете конзоли ќе се појават во мал број земји, вклучувајќи ги САД и Јапонија, од 12 ноември, а во остатокот од светот, понудите ќе започнат една недела подоцна.