Поранешна манекенка го обвини Доналд Трамп за сексуална напад врз неа на тенискиот турнир УС Опен пред повеќе од две децении, во наводен инцидент што ја остави да се чувствува  „повредена“.

Во ексклузивното интервју за Гардијан, Ејми Дорис тврди дека Трамп го извршил нападот надвор од бањата во неговата ВИП-кутија на турнирот во Њујорк на 5 септември 1997 година.

Дорис, кој во тоа време имал 24 години, го обвинува Трамп дека тој за време на  нападот, ја држел во стисок од кој не можела да избега.

Преку неговите адвокати, Трамп строго ги негираше овие обвинувања, и нагласи дека никогаш ниту ја малтретирал или се однесувал неправилно кон Дорис.