Само во првата половина на оваа година, поради забележани се 65 проценти помалку меѓународни туристички патувања во споредба со истиот период минатата година, покажуваат податоците на Светската туристичка организација на Обединетите нации (УНВТО).

Според извештајот на УНВТО, големиот пад на туристичката побарувачка за меѓународно патување помеѓу јануари-јуни 2020 година предизвика загуба од 440 милиони меѓународни пристигнувања и приход од околу 460 милијарди долари од меѓународниот туризам.

Оваа бројка е приближно петпати поголема од загубата на приходите од меѓународниот туризам забележана во 2009 година за време на тогашната глобална економска и финансиска криза.