Денеска објавен е огласот на Министерството за одбрана за вработување на 200 професионални војници во служба во Армијата на Република Македонија.
Според огласот, станува збор за договор за вработување во времетраење од четири години со можност за негово продолжување повеќе пати, но најмногу до навршување на 45 години возраст.
Условите се кандидатите да имаат завршено средно образование и да не се постари од 25 години на денот на завршувањето на огласот за прием на професионални војници.
Платата изнесува над 25.000 денари, со дополнителни над 8.000,00 денари трошоци за станбено обезбедување по навршување на 4 години служба во Армијата.
Кандидатите при селекцијата ќе подлежат на тестови за проверка на физичката подготвеност.