Денес може да се забележи зголемена гужва пред четири банки кои започнаа да ги враќаат парите на граѓаните од пропаднатата Еуростандард банка.
Комерцијална, Стопанска банка Скопје, Халк и НЛБ се банките кои ги обештетуваат граѓаните кои во Еуростандард имаа до 30 илјади евра. Отетените граѓани по азбучен ред објавен во медиумите треба да одат во новата банка каде имаат отворено сметка. Рокот за обештетување е три години.
Народната банка ја затвори Еуростанадард банка на 12 август годинава поради неисполнување минимални законски услови за работење. Треба да бидат обесштетени депозити во износ од околу 4,4 милијарди денари.