525 лица казнети за неносење маска

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во текот на изминатото деноноќие (13/14.09.2020 година) на територијата на Република Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 525 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.