Вкупното богатство на најбогатите луѓе во светот е намалено за 44 милјарди долари.
Според индексот на Bloomberg најбогатиот човек на планетата Џеф Безос, имал најголем пад на богатството и загубил 9 милјарди. По него се Елон Маск и Марк Цукерберг кои загубиле 8,5 и 4,2 милјарди долари, додека Бил Гејтс останал без 2,9 милјарди долари.
Сепак, сите четворица се уште имаат богатство поголемо од 100 милјарди, а Џеф Безос вреди и над 200 милјарди долари.