Груби: Почестен сум да Ви служам како прв вицепремиер во историјата на нашата земја, ова е чекор кон потполна рамноправност

 

“Јас сум почестен да Ви служам како Прв вицепремиер во историјата на нашата земја, позиција која е договорена за да гарантира кохезија и координација во владината коалиција и за спроведување на политиките од ресорите и колективот, но и за замена на премиерот во негово отсуство. Оваа поинаква кохезија, оваа конструктивна работна атмосфера ја чувствуваат нашите граѓани и нашите меѓународни пријатели уште од првиот ден. Граѓаните му веруваат на овој голем чекор кон потполната рамноправност која ќе се спроведе и во последните 100 дена со изборот на првиот Премиер Албанец по полн политички мандат“, изјави Груби.

Како Прв заменик на претседателот на Владата, надлежен за координација помеѓу политичките ресори обврска истакна дека ќе се грижи за спроведувањето на Охридскиот рамковен договор, но и за добра и ефикасна кохезија на  општеството еднакво за сите.

Тој истакна дека со министерот за информатичко општество и администрација, во најкус можен рок, ќе обезбедат распоредување на сите вработени во согласност со Охридскиот рамковен договор во државните институции.

Кажа дека ќе ги признаат факултетските дипломи на сите административци.

„Ќе започнеме да ги мониторираме потребните реформи за потполна рамноправност на граѓаните, вклучувајќи ја и не селективната правда преку ветингот. Не може да постои една правда за едниот а различна за другиот, ниту пак една за граѓаните а друга за политичарите. На правдата испорачана по телефон и дојде крајот;
Ќе ја интензивираме динамиката на спроведувањето на Законот за употреба на јазиците;
Ќе ја комплетираме Агенцијата за употреба на јазиците и на Инспекторатот за употреба на јазиците;
Ќе соработувам со моите колеги за зголемување на квалитетот на образованието и културата, како области кои придонесуваат за зближување на граѓаните;
Исто така ќе соработувам со бизнис-секторот за поддршка на добрите меѓуетнички односи и вредностите на толеранција и почитување, правична и соодветна застапеност и меѓусебна доверба и во нивните работни средини, за да се искористи целокупниот човечки потенцијал со кој располага нашата земја;
Исто така силно ќе го поддржам спротивставувањето на верската индоктринација, религиозната и етничката нетрпеливост која се продуцира во медиумскиот простор и социјалните мрежи;Силно ќе работиме во насока на одржување на постојаното пријателство со Соединетите Американски Држави и Европската Унија“, истакна Груби.