Бугарија нема да става вето на патот кон првата меѓувладина конференција на Македонија со ЕУ, вели екс бугарскиот претседател Росен Плевнелиев во интервју за телевизија 24.
По бугарските пораки со заканувачки тонови од страна на вицепремиерот Касимир Каракачанов и европратеникот Андреј Ковачев, Росен Плевнелиев претседател до 2017 година на Бугарија и екс министер во владата на премиерот Бојко Борисов, ја смирува топката.
Плевнелиев иако за тв 24 најавува дека Македонија нема да се соочи со блокада од Софија во декември, сепак потенцира дека прашањето со херојот Гоце Делчев мора да се реши.
Од македонскиот тим на историчари пак рекоа дека нема да работат под притисок и со ултиматуми. Историчарите најверојатно ќе имаат средба со физичко присуство.