Будимир, Недановски, Митревски и Ислами влегуваат во Комисијата за спорт на СДСМ

Прес конференција, Наумче Мојсовски, претседател на Комисија за спорт на СДСМ

 

Огромна чест и задоволство ми е да Ви ја претставам новоформираната Комисија за спорт на СДСМ.

Во тек е екипирањето на Комисијата на спорт на СДСМ која се обврза интензивно, домаќински и транспарентно да работи исклучиво во корист на спортот и спортските работници.

Денес, со нас се дел од членовите на Комисијата на спорт на СДСМ и истакнати спортисти кои граѓаните и јавноста ги паметат по успеси на домашната и меѓународна сцена:

· Андријана Будимир

· Владо Недановски

· Игорче Митревски

· Дрита Ислами

Цели 11 години спортот и спортските работници беа игнорирани од страна на ВМРО-ДПМНЕ, за неполни 2 и пол години политиките на СДСМ го враќаат спортот на прав пат.

За споредба во 2016 година за спортот биле одделени само 60 милиони денари, додека за 2019 година, обезбедени се 244 милиони денари.

Тоа е разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ која уништуваше, и СДСМ која гради и инвестира во спортот.

Игор Стефановски Иџе: Агенцијата за млади и спорт стана најголемата пречка за постигнување на врвни спортски резултати