Овен
Ве очекува некој помал прилив на пари или можност на деловен план да остварите мал напредок. Во љубовта очекувајте поволна ситуација, саканото лице ќе ви ги исполни сите желби.
Бик
Доколку планирате потпишување на некој договор, пред вас е многу поволна фаза. На полето за љубов ве очекува многу интересна фаза, активни ќе бидете на полето за флерт.
Близнаци
Доколку планирате да се занимавате со приватна работа, овој период е идеален за тоа. Поведете сметка нервозата која ве следи да не го загрози односот со саканото лице.
Рак
Пред вас е одличен период во кој нема да имате премногу работа, а ќе имате премногу среќа. Во љубовта ви следат нови случувања, слободните ги очекува фатално познанство.
Лав
Пред вас е многу поволен период во кој ќе бидете исклучително вредни и продуктивни. На полето за љубов ве очекува убава ситуација и одлично поминат викенд со саканото лице.
Девица
Доколку ве очекува некој јавен настап, презентација… можете да се надевате на успех. Љубовната ситуација е одлична, ви се ближи брак или принова.
Вага
Ви следува значително подобрување на финансиите, ќе дојдете до поголема сума на пари. Кога станува збор за љубовта ќе чувствувате голема приврзаност за партнерот.
Шкорпија
Ве очекува поволен период без оглед со која работа се бавите, а особено ако соработувате со странство. На љубовното поле ќе имате сосема солидна ситуација. Полни сте со позитивна енергија.
Стрелец
Можно е на работа да ви биде малку повеќе од напорно, смирете се и без тензии завршете ги обврските. Љубовната ситуација нема да ги задоволува вашите стандарди, па ќе сакате нешто брзо да промените.
Јарец
Резултатите ќе бидат малку помали од тоа што сте го очекувале, па ќе бидете разочарани. Доколку сте слободни очекувајте познанство со личност која е уметник.
Водолија
Перодот е поволен за одмор и релаксација, не би требало да се преоптеретувате со деловните обврски. На полето за љубов ве очекува интересна средба со една личност која не открива многу нешта за себе.
Риби
Интуицијата ви работи под полна пареа, па препорака е да го послушате внатрешното чувство при донесување на важни одлуки. Љубовната ситуација е многу добра, ќе уживате со партнерот.