Тренерот на Атлетико Мадрид позитивен на коронависрусот

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, по клупските тестирања на ковид-19 во петокот беше позитивен на коронавирусот, изјавија од клубот.

Симеоне (53) е дома во изолација и нема никакви симптоми. Целиот тим на Атлетико е тестиран, а клубот тврди дека Симеоне е единствениот позитивен.

Атлетико Мадрид не игра викендов во првото коло од шпанската лига затоа што Примера му одобри продолжена пауза поради учеството во завршницата на Лигата на шампионите. Така, првиот натпревар Атлетико ќе го одигра со Гранада на 27 септември.