Во Франција во изминатите 24 часа регистрирани се 9.406 лица заразени со коронавирусот.
Институтот за јавно здравје наведува дека денес, во споредба со вчера, е забележан поголем број на заразени лица на дневна основа.
Бројот на позитивни на коронавирусот достигна 363.350. Уште 80 лица починаа во болниците и домовите за стари лица во изминатите 24 часа, со што вкупниот број на починати достигна 30.893 лица.
Во болниците има 5.155 пациенти заразени со Ковид-19. Меѓу нив, 635 се на единиците за интензивна нега. Од почетокот на пандемијата, 89.059 пациенти се опоравиле.
Како што се зголемува бројот на пациенти во единиците за интензивна нега, така се зголемува и текот на епидемијата во земјата.
Научниците се загрижени за вториот бран во земјата, кој се очекува на есен или в зима.