Како правилно да ги складирате и носите со себе заштитните маски

Маските за лице станаа дел од секојдневниот живот на луѓето ширум светот кои се борат со пандемијата на коронавирусот. Исто како што некогаш не можевме да замислиме да заминеме од дома без клучеви, паричници или мобилни телефони, во последните месеци носиме и маски со нас.

Досега многу пати сме чуле кои се најдобрите материјали за маски, или кои маски штитат до кој степен. Научивме и како правилно да ги носиме и миеме, но дали знаете како и каде да ги чувате кога не ги носите?

Специјалист за инфективни болести од Универзитетот во Калифорнија во Сан Франциско, Питер Чин-Хонг за Хафингтон пост ја разјасни и оваа дилема. Кога сте дома, најважно е да пронајдете чисто и суво место каде ќе стојат маските. Тие треба да се чуваат во посебни фиоки, во хартиена кеса или други контејнери изработени од природни материјали. Тие не треба да се чуваат со други предмети за домаќинството што често се допираат.

“На пример, нема да ги ставате во фиока со долна облека или кујнски крпи. Се разбира, не мора да е стерилен простор, но подобро е да ги ставате на место што не се отвора често”, рече Чин-Хонг.

Професор по епидемиологија на универзитетот Џорџ Вашингтон, Аманда Кастел истакнува дека многумина забораваат да земат маска со себе кога ќе излезат. Затоа се препорачува едната маска да се држи на закачалка до вратата.

Еве неколку стручни совети:

Чувајте ги одделно
Секој член на домаќинството треба да има свое место, за маските да не се мешаат. Имено, ова го намалува ризикот од допирање со валкани раце и пренесување на други вируси, не само ковид-19.

Споделување маски меѓу членовите на домаќинството исто така не се препорачува.

Носете ја маската со вас во хартиена кеса
Не е паметно само да ја фрлите маската во торба, ранец или џеб. Ова може да ја контаминира маската. Наместо тоа, ставете ја со чисти раце во хартиена кеса, која потоа можете да ја ставите во торба или ранец.

„Ставете ја складираната маска на место каде што ќе остане чиста, сува и каде нема да се оштети ако не ја ставите на лицето веднаш штом ќе излезете“, рече Кастел.

Кога ја ставате маската надвор, ставете ја со врвките зад увото и не ја допирајте внатрешноста на маската. Ако ја соблечете само кратко додека сте надвор, на пример за оброк, не заборавајте да ја преклопите и да ја чувате во чиста ќеса.

Важно е да се нагласи дека маските секогаш, секогаш кога е можно, треба да се допираат со целосно чисти раце.

Некои експерти велат дека маските од ткаенина може да се носат неколку пати на ден. Други велат дека е побезбедно да се фрли маската за перење веднаш по носењето.

Во секој случај, доволно е перење на маската со остатокот од облеката во машината со топла вода. Но, ако го миете рачно, добро е да го натопите во раствор за белење пет минути.

Заштитните маски за еднократна употреба не треба да се перат и да се носат повторно, туку треба да се фрлат веднаш по употребата.