Владата на СДСМ ја втурна Република Македонија во рецесија.
Зоран Заев создаде богата влада, сиромашен народ. Заев и мафијата ја направија земјава со најскапа струја во Европа,а најсиромашен народ
Додека граѓаните на Република Македонија се сиромашни и гладуваат, Заев и неговата влада се гоштеваат со октоподи и скапи пијалоци.
Поради Заев и СДСМ јавниот долг на Република Македонија е енормно зголемен од нивното доаѓање на власт, од третиот квартал во 2017-тата година заклучно со вториот квартал во 2020-тата година за една милијарда и 740 милиони евра или вкупно 11,8%.
А, пак државниот долг од 2017-тата година заклучно со вториот квартал во 2020-тата година е зголемен од 3 милијарди 958 милиони на 5 милијарди 561 милион. Тоа се цели 1,6 милијарди евра или тоа е за 11,3%.
Катастрофалните мерки на оваа власт предизвикаа драстичен пад од 12.7% на БДП во вториот квартал во 2020 година.
Поради СДСМ Македонија бележи и пад во индустријата, увозот и извозот, а невработеноста е зголемена за над 40.000 лица.
Наместо помош Заев на граѓаните им понуди покачена струја за 7,5%.
Заев со неговите мерки и политики успеа само својот и џебовите на неговите најблиски да ги наполни на сметка на граѓаните.
Но на ова мора да се стави крај, затоа ВМРО-ДПМНЕ ги повикува граѓаните на протест. Во среда на 9-ти септември со почеток од 18 часот, појдовна точка ќе биде министерството за правда, а ќе заврши пред Регулаторната комисија за енергетика. Време еза обединување против оваа власт која е мафија и која продолжува да се богати на грбот на народот. – Се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.