Настанот наводно се случил кон крајот на август во Санминг, јужна Кина, а според снимките, наводно станува збор за домашен модел, електричниот EX360 од Baic.

Според очевидци, чадот започнал да се шири од автомобилот веднаш штом се поврзал со полначот. Сопственикот повикал пожарникари, кои дошле откако пожарот веќе го зафатил возилото.

И тогаш започнуваат проблемите. Пожарникарите започнале да го полеваат автомобилот од безбедно растојание, обидувајќи се да спречат понатамошно загревање на батериите и тогаш се случи експлозија.

Делови од автомобилот летаат околу, а еден панел од автомобилот го проби покривот на бензинската станица.